Веќе подолго време девојките ги обожаваат парчињата со етно и фолк мотиви кои минатата сезона беа инспирација за речиси секој светски дизајнер.

Приказната продолжува и оваа сезона, па покрај прекрасните фустани и кошули со широки ракави и со најубави везови, ќе бидеме сведоци и на јакни, капути и палта со етно цветни апликации.

На омилените етно брендови како Етро, Витакин и уште неколку други, сезонава им се приклучија и познатите Барбери и Фенди кои креираа фустани, капути и чанти со неодоливи фолк елементи.

Ваквите апликации и везови се дел и од колекцијата на Миу Миу, кои истите ги изработија од хит материјалот за оваа есен – кадифето.

Една од омилените есенски комбинации на девојките дефинитивно ќе биде кошула со извезени етно мотиви надополнети со стилски фармерки до глуждовите и куси чизмички.

Ваквите мотиви ги наоѓаме не само во понудите на high street брендовите , туку и во колекциите на познатите дизајнери кои се занимаваат и со висока мода.

Во галеријата погоре погледнете ги најубавите модели на етно парчиња кои оваа есенска сезона ќе ги гледаме насекаде! 

Објавено:
23 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.864 пати