Кога жената е во блажена состојба, факт е дека зрачи со посебна енергија. Затоа, се што е поврзано со надворешниот изглед за време на бременоста треба да биде во прилог на тоа таа да се чувствува пријатно и да и го олесни периодот на бременоста, што ни оддалеку не значи занемарување на визуелната естетика и личниот стил.

Напротив, овие фотографии преку кои е направена историска ретроспектива на стилот на трудниците низ историјата дури од 14-от век па до денес, а кои беа објавени на онлајн изданието на магазинот Elle, покажуваат дека во секој историски период постоеле одредени „трендови" што конкретно се однесувале на стилот на трудниците.

Па така ако во викторијанскиот период се носеле макси фустани со „сечење" под градите, со почетокот на 20-от век како што трендовите во женската мода наметнувале посмирени линии, така истите се пресликувале и во облеката наменета за трудници. Па станале актуелни романтичните фустани изработени од лесни материјали со пеперутка ракави, па дури и дводелните комплети со комбинација на широка кошула и панталони или пак фустани до колена со коланче над стомакот.

Во денешново современо живеење, сведоци сме дека трудниците ја уживаат целата привилегија на модниот свет и дека буквално од секој аспект и во секој моден правец постојат посебни линии за жени во блажена состојба, од спортска до свечена облека.

Објавено:
27 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.328 пати