Фармерките со широки ногавици се враќаат во 2017!

5 јануари 2017

Секоја година на модната сцена се враќа по некој нов тренд од минатото како што тоа изминатава година беше случај со choker ланчињата кои беа ултра популарни.

Верувале или не, за годинава што ни претстои се очекува на големо да се вратат фармерките со широки ногавици од 90 – тите кои ги обожававме.

Токму тогаш, тие беа ултра популарни кај тинејџерите кои секогаш ги комбинираа со рамни и едноставни патики и шик маички.

Она што е различно денеска е тоа што овој модел не доаѓа од популарната компанија JNCO која направи вистински бум во 90 – тите, туку сите модели се претежно дизајнерски и чинат над 700 долари.

Прв на листата што ги врати овие фармерки во живот, беше единствениот Демна Гвасалиа од Баленсијага кој моделот го направи уште поширок и уште помодерен.

Тоа воопшто и не треба да не чуди со оглед на тоа што токму овој млад и исклучително талентиран дизајнер се појави на сцената за да врати некои од најпознатите парчиња облека и брендови низ годините.

Секако, постојат и многу други различни модели кои се со сосема пристапни цени за разлика од оние на Баленсијага.

Доколку се израдувавте на оваа вест, тогаш веднаш тргнете во шопинг и бидете едни од првите кои ќе не вратат во младоста.

Објавено:
5 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.721 пати