Откако пред само неколку дена беше прогласена за најбогата музичарка во светот, Ријана замина со нејзиното момче Хасан Џамел на одмор во Италија.

Папараците ја фотографираа двојката додека уживаа заедно со нивните пријатели на ручек во луксузен ресторан во Неапол.

До познатиот ресторан „Lo Scoglio“ тие патуваа со брод на кој се гледаше дека уживаа додека разменуваа нежности.

Музичката дива за пригодата одбра кусо бело фустанче со карнери и откриени рамена,  истото го комбинираше со рамни сандали совршени за летен одмор.

Нејзиното момче со кое е во врска од 2017 – тата година, изгледаше супер згодно во сина маичка на куси ракави и црни шорцеви во комбинација со бела шапка и темни очила за сонце.

Инаку, Џамел доаѓа од едно од најбогатите светски семејства, со богатство проценето на повеќе од два милијарди долари. Пред врската со Ријана, Хасан го поврзуваа со Наоми Кемпбел и други познати дами кои уживаа во неговото друштво.

По завршувањето на одморот, пејачката ќе се упати на приватниот остров што го изнајмила на кој ќе ужива заедно со нејзиното семејство, но и ќе подготвува нова музика и други проекти.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
843 пати