Веројатно барем еднаш во животот сте имале фустан на преклоп во кој безгрижно сте ги поминувале топлите летни денови.

Оваа сезона, ова фантастично парче повторно е популарно и доколку не можете да го пронајдете тој од пред неколку сезони, сега е време да го пронајдете вашиот нов фаворит.

Омилени меѓу дамите оваа топла сезона се моделите со впечатливи цветови, но секако и оние елегантните еднобојни во бела и црна нијанса кои се безвременски.

Во новите колекции на популарните брендови можете да најдете различни должини и да го одберете вашиот фаворит зависно од пригодата.

За лудите вечерни забави одберете шик модел со должина до глуждовите, додека пак за некоја дневна варијанта, моделите до под колена се совршена варијанта.

Погледнете дел од најпопуларните фустани за да се инспирирате уште денеска.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
20 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.416 пати