Фустан што прилега на сечија фигура

27 јуни 2019

Одредени кроеви на фустани, изработени од соодветни материјали, одлично прилегаат на сечија фигура.
Затоа, овој модел на фустани е застапен речиси во сечиј плакар.

Станува збор за фустанот на преклоп, што секоја сезона се трансформира во нови изданија, но основата останува иста.

Инвестицијата во овој модел на фустан е секогаш исплатлива, затоа што освен тоа што соодвествува на сечија фигура, како естетика е универзален и безвременски.

Во зависност од тенденциите што ги наметнуваат сезоните, варираат боите, принтовите и дезените.
Летово носиме фустани на преклоп во шаренило од принтови, во пастелни, но и интензивни бои, во точки и пруги, како и со тропски мотиви.

Еве како изгледаат фустаните на преклоп во уличната мода.

Објавено:
27 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.795 пати