Фустани со долги ракави – кога се двоумите што да облечете

19 октомври 2017

Ако се двоумите што да облечете, независно дали се работи за деловен состанок или коктел забава, тогаш одберете фустан по долги ракави.

Лелеавите и романтични фустани не се резервирани единствено за летниот период, туку оние по долги ракави се идеални за оваа сезона.

Одлично ќе се вклопат во вашиот слоевит стајлинг, па може да ги комбинирате со кратка јакна, високи чизми над колена или пак да ги облечете врз џинс.

Изборот на дезени е импресивен, застапени се геометриски принтови, цветни дезени, а особено се популарни и принтовите во пруги и точки.

Објавено:
19 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.862 пати