Фустани со принт – атрактивен избор за оваа есен

22 август 2018

Едно парче со кое имате комплетен сатјлинг и треба да го надополните единствено со модни додатоци, е женствениот фустан со принт.

Предноста е што фустанот со принт е доволно впечатлив, па е рационално решение кога немате идеја што да облечете, а сакате да изгледате атрактивно.

Токму затоа ова стилско парче често е избор на многу жени. Во зависност од каков материјал е изработен фустанот, дури постои опција истиот да го носите во различни сезони, се разбира соодветно комбиниран.
Оваа есен е прилично богата кога се во прашање принтовите, особено кога се работи за комбинација со фустан.

Точките кои постојано се вметнуваат во тенденциите, независно од сезоните, остануваат актуелни и есенва.

Ако ги следите ИТ девојките на социјалните мрежи, сигурно веќе забележавте дека животнските принтови владеат во уличната мода, па така леопард принтот, змискиот и зебра принтот се особено актуелни во комбинација со лелеави макси фустани.

Карираниот дезен пак хармонично се вклопува во ретро тенденциите за оваа есен, па покрај тоа што ќе носиме панталони и блејзери со ваков принт, исто толку популарни ќе бидат и карираните фустани.

 

Објавено:
22 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.928 пати