Фустани со точки - омилени на модните инсајдерки на Инстаграм

26 јули 2017

Ако на Инстаграм одберете хаштаг #polkadots, ќе добиете околу 2.114.000 резултати. Тоа е само еден параметар што укажува на огромната популарност на точкастиот принт, особено кај модните инсајдерки присутни на оваа платформа.

Ова лето, особено популарни се романтичните фустани и здолништа со точки и карнери.
Модните трендсетерки ги комбинираат со спортски маички, плетени џемперчиња, со патики или сандали на платформа. Слип фустаните со точки ги облекуваат врз кошула или блуза, а оние пак фустани на врзување, со гол грб, се меѓу омилените за долги прошетки на плажа.

Одбравме неколку интересни примери што ќе ве инспирираат како да го комбинирате вашите омилени фустани или здолништа со точки.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
26 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
688 пати