Сите ние понекогаш сакаме да облечеме некој романтичен фустан во кој ќе се чувствуваме како принцези и ќе избегаме од секојдневието.

Ова лето вистински хит се токму таквите фустани, а за истите да бидат уште поубави, имат и панделки на рамената.

Тие се совршена замена на едноличните летни фустани, а панделката како детал дава неверојатно романтична и женствена нота.

Најубавите фустани со панделки летово ги имаат познатите модни куќи како Гучи, Клое, Оскар де ла Рента, Фенди, Долче и Габана, но и познатите high street брендови како H&M, Зара, Манго и многу други.

Ваквите фустани без проблем можете да ги носите на работа, доколку се со поедноставен крој, но и на разни забави и свечени прилики.

Комбинирајте ги со внимателно одбрани модни додатоци, високи или рамни сандали, патики, папучи и што уште не.

Во галеријата погоре ќе ги погледнете најубавите 20 чифта за ова лето во кои ќе блеснете на било која пригода.

Објавено:
4 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
749 пати