Веројатно веќе знаете кои се боите што ќе бидат хит оваа пролетна сезона, а покрај неонската зелена, девојките веќе носат шик парчиња во минт боја.

Станува збор за неодолива пастелна боја за која можеби се сомневате дека ќе ви прилега , но верувајте дека ќе го промените мислењето штом пробате барем едно парче.

Оваа боја на прекрасен начин ќе ја освежи секоја ваша комбинација, а без двоумење комбинирајте ја и со други бои.

За уште повпечатлив изглед комбинирајте со кафена, за нежен со бела, за впечатлив со жолта, за секојдневен со џинс.

Во оваа преодна сезона, носете тенки џемперчиња во оваа нијанса, лелеави цветни фустанчиња со минт основа, стилски женски костими, но и модни додатоци ако сметате дека ова баш и не е ваша боја.

Ова дефинитивно е една од боите на сезоната, а ако сè уште немате парче во оваа нијанса, задолжително набавете си едно веднаш.

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
29 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
838 пати