Ги селектиравме најубавите „балонери“ за оваа сезона

9 септември 2017

Веќе го чувствуваме мирисот на есента. За многумина омиленото годишно време. Често променливо, со пријатни дневни температури, кои наутро и навечер варираат дури и блиску до нула.

Затоа, ова е сезона која ни наметнува промени во облекувањето во однос на летото кое го оставаме зад нас – секогаш носиме резервно парче облека во случај да залади.

Токму затоа во есен обожуваме да носиме „балонери". Омилени ни се затоа што се фраерски, ги комбинираме буквално во секоја варијанта од спортска до свечена, а ги има во толку голем избор.

За да ви ги скратиме „маките", селектиравме дел од најубавите „балонери" од новата понуда на светските „high street" брендови.

Фото извор: pinterest

 

Објавено:
9 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.122 пати