Ги селектиравме најубавите фустани за оваа пролет!

2 април 2015

Лесните фустани се дефинитивно најдоброто парче облека што може да си го посака секоја девојка оваа пролет. Покрај тоа што се неверојатно удобни за носење, сезонава тие доаѓаат во безброј принтови и дезени, меѓу кои секогаш на прво место се издвојуваат оние со цветови.

Светските брендови оваа пролет нудат различни модели на фустани за сечиј вкус и за секаква пригода. Без разлика на тоа за кој ќе се одлучите, запомнете дека фустанот е најубавото парче во женскиот плакар што секогаш ја слави женственоста, а истовремено зрачи и со неверојатна елеганција и сексапил.

Прекрасни цветни мотиви оваа сезона нудат моделите на големите Долче и Габана, додека талентираната Роксанда Илинчиќ нуди совршени колор блок комбинации кај фустаните.

Особено популарни оваа сезона се и бохо и етно принтовите кај фустаните, кои се како создадени за пролетен фестивал на отворено.

 

Доколку сѐ уште не си набавивте еден впечатлив пролетен фустан оваа сезона, април е вистинскиот месец да го направите тоа!

Објавено:
2 април 2015
Категорија: 
Тренд