Глам стил на Сaн Тропе

6 август 2013

Не можеме да зборуваме за Сан Тропе без да се потсетиме на митот на Брижит Бардо која уште од 1950-тите го воздигна ова место до небеса, не само како најпосакувана летна дестинација, туку и како начин на живот.

 

Кашарел

 

Доколку сакате да го следите стилот карактеристичен за овој град од југот на Франција, преку ден може да облечете облечете кафтани од тантела и свилени фустани, кои повеќе откриваат отколку што покриваат. Од Луиза Бекарија до Кашарел, дизајнерите нудат широк избор на лесни транспарентни модни парчиња во пастелни бои, а овој глам стил може да го надополните и со шорцеви во аквамарин сина боја на брендот Мигуелина кој дефинитивно ќе ја зачини вашата појава.

 

Долче и Габана

 

Моделите и комбинациите за плажа се најчесто винтиџ, бикини со висок струк како оние на Рошас, голема марама која има специфичен дезен или принт на Цимерман, со строго рамни сандали на Сен Лоран и макси чанта на Викторија Бекам која ќе го надополни вашиот изглед.

 

Томи Хилфигер

 

Ригите се задолжителен принт ако сакате да поминете едно попладне на јахта, дезен кој го фаворизира дуото Долче и Габана за да се долови морнарскиот ефект кој е неизбежна модна креација на секое лето, а најдобро го опишуваат дезените на Томи Хилфигер.

 

Викторија Бекам

 

За да имате занесно убава вечер одберете бела боја и некој модел од Клое. Во комбинација со цветни сандали на Џанвито Роси, е совршен начин да ја заокружите вечерта.

 

Сен Лоран

 

Објавено:
6 август 2013
Категорија: 
Тренд