Глобална прошетка на трендовите
•
6 февруари 2014
Во неколку наврати досега пишувавме за тоа што ќе се носи оваа пролет и кои ќе бидат омилените парчиња на девојките, но овојпат сакаме да ви ги посочиме трендовите на глобално ниво.
Она што е заедничко за сите земји е прекрасното шаренило и свежите бои кај парчињата, без разлика дали се работи за модни додатоци или пак облека.
Чевли со школки
Чевлите со мониста се први на списокот на глобално ниво, а веднаш зад нив се шарените и пролетни ланчиња направени од најразличен материјал и со многу додатоци.
Шарени ланчиња
Во продолжение погледнете некои од парчињата што ќе бидат најзабележителни оваа пролет каде и да отидете. Доколку сѐ уште немате набавено некое од овие парчиња, сторете го тоа уште веднаш!