Го имаме идеалниот избор на капути за оваа сезона

2 ноември 2017

Клучно модно парче во кое вреди да се инвестира кога е во прашање сезоната есен-зима, е топлиот и безвременски капут.

Ако направиме селекција на ултимативни сезонски парчиња, тогаш еден впечатлив капут што ќе може да го комбинираме во различни прилики, е апсолутниот фаворит.

Нашиот идеален избор на уникатни дизајнерски капути и бунди изработени од еко крзно, кои ќе му дадат впечатлива стилска нота и на секојдневниот стајлинг, го пронајдовме во секогаш атрактивната понуда на Елена Лука, каде во тек е акцијата на попусти до 50%.

Секој капут има своја естетска целина дефинирана преку автентичниот избор на деликатни материјали и дезени, комбинирани во различни варијанти. Она што прво ќе ви го привлече вниманието е перфектно изведениот крој на капутите, чија силуета добива елегантна линија со нагласена женственост или пак драматични форми со артистичен предзнак.

Уникатниот дизајнерски карактер е видлив и преку храбрата игра на бои, што варираат од интензивни тонови на жолта, портокалова, црвена до меѓусебе комбинирани пастелни нијанси, а секако е застапена и монохроматската палета.

Деталите се секогаш изведени до совршенство, а токму со нив и се заокружува автентичниот дизајн на капутите. Акцентот е ставен на брошевите како и деталите од еко-крзно аплицирани во делот на страничните џебови, ракавите или на јаките.

Капутите и бундите од еко крзно со попусти до 50% се достапни во продажба во изложбените салони на Елена Лука во Скопје и Струмица.

Објавено:
2 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.114 пати