Го обожуваме овој бизнис изглед - Емили Блант во одлично стилизиран костум

10 септември 2019

Актерката Емили Блант беше меѓу елитните гости што присуствуваа на ревијата на Тори Бурч во рамките на актуелната Модна недела во Њујорк.

Тоа што ја издвои од останатите, а нам особено ни се допадна, беше изборот на актерката да облече бизнис комбинација, но во една сосема урбана варијанта.

Дводелениот костум во една од најпопуларните нијанси сезонава, загасито портокалова, таа го комбинираше со бела кошула, впечатливи кружни обетки и мала чанта со кратка рачка.

Доколку планирате да го освежите вашиот деловен имиџ оваа есен, оваа комбинација на Емили Блант е вистинска солуција за идеја како совршено тоа да го направите.

 

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
382 пати