Во голем дел од продавниците ширум светот веќе пристигнаа есенските колекции, па полека можеме да сумираме кои ќе бидат трендовите што ќе ја одбележат сезоната што доаѓа.

Светските дизајнери, но и популарните high street брендови секоја сезона лансираат по некој тренд што ќе ги освежи женските плакари, а оваа година има многу такви кои ги обожаваме.

Имено, се чини дека здолништата од тул се враќаат на голема врата, но оваа сезона во малку поинаква, шик варијанта.

Девојките ќе бидат во тотално романтично расположение благодарение на нежниот тул кој ќе биде еден од најпосакуваните материјали следната сезона.

Иако можеби ќе си речете дека овие здолништа се само за оние девојки кои сѐ уште го обожаваат и негуваат оној тинејџерски стил, бидете сигурни дека има модели за сечиј вкус.

Најпопуларен е дефинитивно оној на модната куќа Александар Меквин во кој неодамна се појави Кара Делевињ на премиерата на филмот Sucide Squad, кој истовремено е толку нежен, бунтовен и елегантен.

Подеднакво добри се речиси сите црни модели на здолништа од тул кои дизајнерите оваа година ги нудат во многу варијанти – украсени со колоритни апликации, точки, целосно транспарентни, на пруги, во слоеви и какви уште не.

Следната сезона здолништата од тул нема да бидат само некое „кич“ парче од минатото, туку парче кое ќе покаже дека имате став и уникатен вкус и кое со сигурност ќе ве издвои од толпата.

Комбинирајте ги со кожени јакни, високи кожени чизми, „Мартинки“, зимски капути, нежни и романтични блузички и што и да посакате.

Покрај основната функција на едноставно и лежерно парче во летото, здолништето од тул ќе има значајна улога во слоевитото есенско облекување.

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.403 пати