Хеланки за момци: тренд за оние што ја следат модата

26 јуни 2013

До сега момците кои носат хеланки се појавуваа само во балетот, но, тоа се менува во 2013 година, ако се суди според новото модно лудило. Модните дизајнери веќе една година ги облекуваат своите машки манекени во хеланки, но момците до сега не беа воодушевени од овој тренд.

 

Изгледа сега тоа почнува полека да се менува, зашто некои од ѕвездите веќе ги носат. Меѓу нив се: Џастин Тимберлејк,Џастин Бибер, Лени Кравитц и Расел Бренд.

Ако тврдењата за најновите модни трендови се покажат како точни, машките хеланки ќе бидат хит годинава. На  поголем број момци овој тренд сепак им е одбивен.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Тренд