Хит здолништа за оваа пролет

8 февруари 2017

Трендовите за претстојната сезона се движат во насока на женствени силуети, лелеави кроеви и висока доза на романтика.

Токму во тој стилски фазон ќе бидат и здолништата, што во најголем дел ќе бидат на преклоп, ќе бидат украсени со карнери или плисе и ќе бидат освежени со флорални дезени и принтови.

Должината ќе варира од мини до макси, така што најсоодветно е истата да ја одберете според градбата на вашето тело, вашата возраст и секако намената.

Во основа оваа пролет не ни носи нешто непредвидливо или неочекувано, но она што е сигурно е дека ваквите здолниште ќе бидат вистинска тенденција.

Објавено:
8 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.103 пати