Хит здолништето што го обожуваат познатите дами

7 ноември 2019

Викторија Бекам, Оливија Палермо, Џиџи Хадид се само дел од познатите дами што во својот есенски изглед преферираат парче што е заедничко за сите, а е популарно веќе неколку сезони наназад, особено откако естетиката на 90-те се врати меѓу тенденциите.

Се работи за свиленото здолниште, што е хит и во уличната мода, а со себе ја носи женствената елеганција, дури и кога го комбинирате си „груби" чизми и предимензионирани џемпери.

Доколку немате идеја како да го комбинирате во деловен изглед, ви препорачуваме да го стилизирате надополнето со сако, елегантна блуза или кошула, а од детали може да одберете впечатлив брош или дискретни обетки.

За вечерни изглегувања пак, може да „играте" похрабро. Одберете транспарентна кошула, корсет во комбинација со блејзер или пак маичка со интересен натпис...

Ѕирнете како овој модел на здолниште се носи во уличната мода и посегнете по дополнителна инспирација.

Фото: Пинтерест

Објавено:
7 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.883 пати
Тагови: 
тренд