H&M ги има најдобрите фармерки оваа сезона!

12 ноември 2016

Кога модната куќа Vetements неодамна ја прикажа новата колекција деконструирани фармерки кои станаа омилени со брзина на светлината, беше само прашање на време кој high street бренд ќе ја копира истата.

Токму тоа го направи еден од омилените на девојките, брендот H&M чија колекција стана популарна иста како онаа на светските Vetements.

Во нивната колекција тие сместија неколку чифта на фармерки кои покрај тоа што се ултра модерни, тие се и одличен избор за претстојната студена сезона.

Речиси секој модел од колекцијата е со интересен и еден вид неправилен крој, но има и ѕвон модели, такви во две бои, едноставни и темни, комбинезон, со висок струк и некои други модели.

Некои од фармерките се навистина впечатливи со оглед на тоа што се изработени со спојувани тексас парчиња, некои од нив имаат две различни бои, а некои пак интересни сечења во долниот дел на ногавиците.

Сосема нормално, оваа колекција фармерки со пристапна цена за кратко време ги освои девојките ширум светот кои ги испразнија полиците низ продавниците на брендот.

Извор: Buro 24/7

Објавено:
12 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.427 пати