H&M костим што го посакуваат сите девојки

12 септември 2018

Веќе пишувавме дека претстојната сезона се враќа еден од омилените материјали од 90 – тите – сомотот, а популарниот high street бренд H&M само го докажа тоа.

Неодамна тие презентираа дводелен женски костим составен од кусо здолниште со странични џебови и палто во неодолива сина боја.

Ова е супер комбинација во која можете да инвестирате, бидејќи добивате две парчиња кои можете да ги носите одвоени, а изгледаат уште подобро заедно.

Комбинирајте ги со едноставна бела маичка или пак со кафени додатоци, со патики, сандали, високи потпетици или тренди чизми до глуждовите.

Популарните Инстаграм девојки костимот го носат на разни начини, а погоре гледате некои од нив.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
12 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.889 пати