H&M во својата нова колекција акцентот го става на плетивата

3 септември 2018

Плетивото е една од базичните тенденции во секоја сезона есен-зима. Подеднакво е застапено и кај луксузните и кај „high street" брендовите, па секоја од етикетите дизајнира модели кои се издвојуваат како најпопуларни, а се изработени од плетиво.

Во новата колекција на шведската етикета H&M, акцентот е ставен токму на плетивата.

Различен тип на плетива е застапен во дизајнот на кардиганите, џемперите, ролките, фустаните, а интересно е тоа што плетивата во комбинација со други материјали, добиваат иновативен и неконвенционален лик.

Меѓу таквите, е комбинацијата на плетиво со тантела, што и оваа есен се најавува како една од највпечатливите.

Во колорната карта доминираат земјените нијанси, тоновите на беж и капучино, но исто така не помалку популарни ќе бидат и интензивните црвени и зелени нијанси, барем ако ја имаме во предвид новата линија на H&M.

Објавено:
3 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.211 пати
Тагови: 
плетива