И на мажите им е дозволено да носат металик!

28 март 2014

Веќе знаеме дека металик трендот на голема врата е прифатен кај жените за оваа сезона, но зошто истиот да не биде дел и од машките комбинации?

Доколку ви се допаѓа, а не знаете како да го носите, ние имаме неколку предлози. Сега е вистинско време да си набавите металик јакна, кошула или пак панталони и да правите луди комбинации додека не стигнале пеколните температури.

Имено, мислењата за металик трендот се поделени во модниот свет. Некои го обожуваат и велат дека тоа е трендот што е тука за да остане, а некои пак едвај чекаат „да му помине модата“.

Ако сте меѓу обожавателите, треба да знаете дека многу лесно можете да погрешите кога комбинирате металик парчиња.

Обидете се секогаш на себе да имате само едно металик парче, а другото нека биде неутрално. Доколку се одлучите за целосен металик изглед, не само што ќе бидете смешни, туку ќе предизвикате и негативни реакции.

Во продолжение погледнете ги комбинациите од писта и инспирирајте се за шопинг, но бидете внимателни на крајот да не изгледате како астронаут!

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Тренд