Веројатно кога го погледнавте овој модел на панталони се сетивте дека и вие некогаш имавте слични вакви и обожававте да ги носите во овој период од годината.

Оваа сезона истите се малку променети, односно имаат поинаков изглед во пределот на половината, но сепак се подеднакво удобни и лежерни.

Покрај тоа што се супер удобни, истите можете да ги комбинирате многу лесно со што и да посакате, почнувајќи од кошулки за на работа, па сѐ до шик блузички во лето.

Овие совршени панталони ќе бидат едни од омилените сезонава и поради тоа што истите ќе можете да ги носите и за некои свечени пригоди и да изгледате супер елегантно.

Ваквите панталони неодамна беа презентирани како дел од бројните колекции на светски познатите дизајнери, но предизвикаа и вистинско воодушевување на полиците на high street брендовите.

Многу брзо, овој модел на панталони ги освои познатите девојки ширум светот кои можеме да ги видиме како чекорат низ улиците со навистина интересни комбинации од кои секогаш можете да пронајдете инспирација.

Доколку ви здодеаја фармерките во кои ја поминавме зимата, тогаш веднаш набавете си ги овие панталони кои важат за совршена пролетна замена.

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
8.549 пати