Идеи за впечатливи деловни комбинации за овој септември

3 септември 2018

Секогаш е предизвик да се направи умешен спој на парчиња што ќе комплетираат впечатлив деловен изглед, а кои истовремено ќе одговараат на деловниот дрес код.

Клучно е во вашиот деловен плакар да поседувате неколку есенцијални, безвременски парчиња што ќе бидат појдовната основа на вашиот деловен имиџ: бела кошула, панталони со висок струк, дводелен костум, чевли на ниска потпетица...

Имајќи ги в предвид овие базични парчиња, деловниот изглед ќе го надоградите благодарение на вашето естетско чувство, па секогаш резултатот ќе биде впечатлив и својствен за вашиот личен стил. Тука секако ќе ви помогнат впечатливите модни додатоци или парче од актуелните тенденции.

За овој септември, направивме интересен избор на комбинации за кои веруваме дека ќе ве инспирираат како да го освежите вашиот деловен стил месецов.

Објавено:
3 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.410 пати