Имаме супер идеи за викенд комбинации

11 мај 2018

Викендот е пред нас, а во зависност од тоа какви се вашите планови како најдобро да го искористите слободното време, ние направивме селекција на неколку супер стилски комбинации, во случај ако ви недостасуваат идеи што да облечете.

Во принцип, викендот е време кога сите сакаме да се опуштиме, а тоа го диктира изборот на облека (се разбира освен ако не присуствувате на некој свечен настан). Доколку овој викенд планирате лежерна прошетка со пријателите или авантуристичко патување до некоја блиска дестинација, сублимиравме неколку шик аутфити, што истовремено се доволно удобни да не ви ја нарушат викенд комоцијата.

Неизбежни се широките панталони со висок струк, популарните килоти, џинсот, миди и макси фустаните, секогаш омилените патики – како задолжителни во нашата „викенд, стилска униформа".

Се инспириравме од актуелната улична мода, која оваа сезона е во знакот на богатиот колорит, удобните обувки и разиграните кроеви.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.078 пати