Инстаграм инспирација за кул комбинции за секој ден

12 ноември 2018

Секој се соочил со момент на недостаток на инспирација, особено кога се работи за секојдневен изглед. Во таков момент отворете Инстаграм и побарајте идеја кај оние стилски профили што негуваат естетика најблиска до вашата.

Доколку тежнеете кон тоа да експериментирате со стилот и сте храбри во спојот на неспоивото, а притоа уживате во лежерен и неформален аутфит, тогаш посетете го инстаграм профилот на Каролин Дал.
Тука ќе наидете на навистина кул и непретенциозни комбинации, во кои акцентот е на удобноста, но и впечатливата естетика.

Прво ќе го забележите спојот на романтични и женствени макси фустани со патики, а потоа и слоевитите комбинации во кои мекиот и топол капут е задолжително парче. Трендовски аутфити што може да најдат примена во вашиот секојдневен стил, доколку се пронаоѓате во ваквата естетика.

Објавено:
12 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.047 пати