Инстаграм ни послужи како инспирација за летни деловни комбинации

13 август 2018

Ако се соочувате со недостаток на инспирација кога е во прашање деловниот аутфит во текот на топлите летни денови, „послужете" се со Инстаграм.

На оваа платформа ќе наидете на неограничен избор на деловни изгледи во различни стилски фазони, па веројатно ќе го најдете најсоодветниот што лесно ќе се прилагоди во вашиот деловен имиџ адаптиран на вашата работна функција.

Ви препорачуваме да ги разгледате профилите на модните блогерки кои често во својот стил комбинираат елегантни и урбани парчиња, создавајќи идеален баланс помеѓу деловен и индивидуален изглед.

Актуелните тенденции ни се во прилог, па секогаш може да ги имате в предвид оние парчиња кои што важат за хит летово, како што се миди фустаните со едноредно закопчување, панталоните со висок струк комбинирани со кошула во пруги или пак здолништата на преклоп комбинирани со едноставна маичка во светла нијанса.

Ние издвоивме неколку впечатливи комбинации како почетни идеи...

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
13 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.628 пати