Инстаграм предлог: шик комбинации со ремен

11 септември 2018

Еден детаљ може комплтено да го промени визуелниот впечаток, затоа никогаш не ги занемарувајте модните додатоци кога сакате да направите макар и минимална трансформација со изгледот.

Ако бираме фаворити, оваа сезона наш омилен моден додаток е ременот околу струк со кој имаме голем избор на можности за комбинирање.

Ни се допаѓа затоа што ја потенцира половината, а со тоа се става акцент на женственоста.

Доколку побарате идеи на Инстаграм, ќе наидете на богата инспирација: ременот го носиме околу струк со сако и марама, со макси фустан или предимензионирана кошула, со кошула-фустан или плетен џемпер...

Издвоивме тренди комбинации што може да ги примените и во вашиот стил.

 

Објавено:
11 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.422 пати