Исти фармерки на 5 различни жени

21 октомври 2015

Ѕвонестите панталони се апсолутен хит оваа есен, но не секој се осмелува да ги купи. Токму затоа, во продолжение погледнете како пет жени, со различна градба и висина реагираа кога облекоа ѕвонести фармерки. 

Лорен Левинсон

Висина: 158 см

Пред: Пред сликањето јас веќе бев обожавател на ѕвонарките, но овие што ги пробав ме направија уште похрабра да ги одберам како актуелен есенски тренд.

После: Фармерките се шик и темни, што ги прави соодветни за работа за оние во креативната фела. Ременот не е премногу широк, струкот не е ниту премногу висок ниту премногу низок. И прават задникот да изгледа „дрско“.

Алејжа Санторо

Висина: 170 см

Пред: Морам да признам дека кога ме повикаа за ова сликање, мојата првична реакција беше да одбијам. Не само што не сум некој следач на модните трендови, туку и сум 170см висока, па купувањето на премногу долги фармерки не ме воодушеви. Дојдов со мисла дека ќе изгледам ужасно.

Потоа: Пријатно сум изненадена, не само поради должината, но и поради севкупниот изглед. Ѕвонарките се суптилни  и дури и направив неколку движења на Џон Траволта од Saturday Night Fever. Ми се допадна изгледот. Но, сè уште не знам дали ќе си купам вакви фармерки.

Ели Меријам

Висина: 175 см

Пред: Веќе еднаш го доживеав кругот на популарноста на  ѕвонестите панталони во мојот живот и мислам дека на времето, овој тренд воопшто не му одговара на моето тело. Но, ми рекоа дека треба да сум со отворени можности, па прифатив да се фотографирам со ѕвонарки.

Потоа: Замислете го моето изненадување кога открив дека ѕвонарките можат одлично да изгледаат на моето тело. Се шокирав. Забавни се за носење, особено на потпетици. Ова ќе биде моето стандардно парче есенва.

Зарин Сидику

Висина 157 см

Пред: Бев малку воздржана за ова парче, од две причини: НИска сум и мислев дека ѕвонарките ќе направат да изгледам уште пониска. И втората, што не сум носела ништо друго освен тесни фармерки многу долго време, што заборавив на други стилови.

Потоа: Ѕвонестите фармерки направија да изгледа дека има, подолги нозе и дефинитивно ќе ги носам пак, со соодветни чевли. Ако имате соодветни обувки, можете да направите бројни комбинации.

Ејми Симеон

Висина: 160

Пред: Кога се работи за џинс, одбегнувам сè што е ѕвонесто и по секоја цена. Неодамна бев отворена да пробам различни стилови и видов како еден модел ги облече, па оваа можност ми се виде како одлична.

Потоа: Кога првпат ги пробав, мојата прва мисла беше: „по ѓаволите, ќе изгледам многу слабо и многу смешно во овие. Но, кога се погледнав во огледало, видов колк, задник за кој што не знаев дека постои. И покрај тоа што уживав во тоа како ѕвонарките ми ги истакнуваат облините, сепак, имав чувство дека ми ги „јадат“ тенките нозе. Мислам дека ќе можам да ги носам само со високи потпетици, што значи дека веројатно нема да ги купам и да ги носам, иако немам ништо против да ги сменам малце тесните фармерки.

Објавено:
21 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
9.581 пати