Јануарски стајлинзи од њујоршкото секојдневие

9 јануари 2015

„Не волим јануар“, така легендарниот Џорџе Балашевиќ, наслови една своја композиција, која многу брзо стана не само хит на едно време, туку и балкански евергрин. Сигурно многумина од вас ќе се сложат со оваа констатација. Иако јануари е месецот кога најмногу празнуваме и можеме да се видиме со нашите најблиски членови од семејството, сепак според статистиките тој е и најомразен месец во годината. Некои велат дека заради тоа што е долг, некои не го сакаат бидејќи е најстуден, а други пак дека е најдепресивен. За да ја побиеме таа теорија во подготвивме нова модна игра. Дваесет фантастични модни комбинации кои треба да ги испробате.

Како инспирација ни послужи њујорчанката Даниела Бернстејн и нејзиниот блог We Wore What, каде пронајдовме мошне креативни модни изданија на оваа позната блогерка кои сигурно ќе бидат доволен стимул за да внесат нова свежина во вашето секојдневие.

П.С. Во Њујорк нема снег, затоа вие високите потпетици заменети ги со топли и удобни чизми.

 

Објавено:
9 јануари 2015
Категорија: 
Тренд