Кадифени здолништа во секој зимски аутфит

25 декември 2017

Еден од најраскошните материјали – кадифето, како водечка тенденција, ја обележа оваа сезона.

Имплементиран е во дизајнот на трендовските парчиња облека, но и кај модните додатоци.

Луксузниот доем што го остава е доволна причина кадифето да биде најчест избор за свечена облека, но исто толку често го гледаме и во уличната мода и во секојдневната облека, а особено се впечатливи деловните парчиња од кадифе како што се костумите, сакоата или елеците.

Здолништата од кадифе се меѓу најпопуларните парчиња што актуелнава сезона се комбинираат буквално во секоја варијанта, а се супер идеја и за вашиот стајлинг за некоја од празничните забави.

Изборот е голем и се однесува на различните кроеви, должини, бои, како и комбинација со други материјали или принтови.

Ви предлагаме неколку идеи како може да ги комбинирате за различни пригоди.

Објавено:
25 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.294 пати