Кадифените палта вистински хит за претстојната сезона

10 септември 2015

Веројатно вашите мајки во плакарот чуваат по некое кадифено палто за кое во неколку наврати ви рекоа дека било вистински хит во нивно време.

Токму тие кадифени палта, се враќаат на големо претстојната сезона. Во супер луксузно издание оваа сезона кадифените палта можеме да ги најдеме во понудата на некои од најголемите модни имиња, меѓу кои и брендот Клои, Александар Ванг, Пучи, Соња Рикел и уште многу други.

Дизајнерскиот тим на Александар Ванг кадифето оваа сезона го претвори во раскошен долг мантил, додека од брендот Пучи претставија секси црвено палто со шик странични џебови.

Она што е особено важно при купувањето на ваквите кадифени палта, е нивниот крој на кој секогаш мора да внимавате бидејќи многу лесно може да ви додаде неколку килограми плус.

Одберете темно црвено палто за секси вечерна варијанта, или пак некое во темна нијанса за безгрижни работни денови.

Објавено:
10 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.654 пати