Џемперите се дефинитивно едни од најефектните парчиња во есенскиот и зимскиот период, а сега е вистинско време да го потврдиме тоа.

Бидејќи овие денови е доволно студено за веќе да почнете да размислувате за нив, но и сосема возможно да ги носите со куси здолништа и разни други комбинации, денеска ви претставуваме неколку неверојатно кул стајлинзи.

Покрај тоа што се неверојатно носливи, тие ќе бидат вистинско освежување во секоја ваша комбинација, особено во оваа преодна сезона кога нема да мора да ги „покривате“ со разни јакни и наметки.

Носете ги со широки и тесни фармерки, со разни куси здолништа, куси панталони, долги лелеави здолништа, елегантни панталони, комбинезони и со што и да посакате.

Оваа есен девојките особено сакаат да ги комбинираат и со летни фустани, односно да ги носат врз нив, но и со тенки здолништа со кои тренди ефектот е неминовен.

Покрај плетивата во класична варијанта, популарни се и моделите со животински принт, разни пораки, но и украсени со разни детали и други апликации.

Со оглед на ниските температури изутрина, сега е вистинско време да се потсетите на моделите што ги купивте лани, но и да се подновите со некои нови парчиња во кои дефинитивно вреди да се инвестира.

Објавено:
26 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.365 пати