Како да го комбинирате омиленото кожено здолниште оваа есен

13 септември 2017

Модните парчиња изработени од еко-кожа го пронајдоа своето приоритетно место во есенскиот плакар. Независно дали се работи за палто, мантил, панталони или здолништа, овие парчиња се најавуваат меѓу тенденциите за претстојната сезона.

Мини кожените здолништа ќе бидат застапени во различни кроеви, асиметрични, на преклоп, со шлиц или патенти, а веќе на Инстаграм и Пинтерест може да забележиме бројни стилски изданија што го вклучуваат ова тренди парче.

Се комбинира со класична кошула, маичка со натпис, во слоевити варијанти со елек или сако, со ниски мото чизми или со високи потпетици.

Ние сублимиравме неколку интересни идеи како да го комбинирате коженото здолниште и со тоа да се подготвите за сезоната што следува.

Фото извор: Pinterest

Објавено:
13 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.048 пати