Ако порано спортските блузони ги носевме само по дома и на вежбање, оваа сезона девојките ги вметнуваат и во секојдневните комбинации и истите изгледаат одлично.

Низ high street продавниците оваа сезона на попусти ќе најдете огромен број модели на вакви блузони, а доколку сè уште си немате купено, сега е вистинско време за тоа.

Воопшто не двоумете се и комбинирајте го дури и со оние парчиња што ги носите на работа, секако, ако истата ви дозволува лежерно облекување.

Носете ги со фармерки со висок струк, со шик здолниште, па дури и со кожени панталони и палто одозгора како што тоа го прави Хејли Бибер.

Ваквите блузони ќе ви овозможат да се чувствувате лежерно во текот на целиот ден и да уживате во нивната удобност, а притоа да изгледате супер шик.

Оваа сезона, спортските блузони повеќе не се резервирани само за домашна атмсфера, туку храбрите девојки кои сакаат да експериментираат со стилот, ги носат на разни настани и секогаш изгледаат впечатливо, урбано и модерно.

Couturezilla

Доколку веќе имате еден ваков блузон во плакарот, комбинирајте го со омилените парчиња уште денес!

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
956 пати