Како да комбинирате џинс во вашите деловни аутфити

16 март 2017

Секој од нас има свој омилен пар џинс во гардероберот. Доколку сакате да го носите и за време на вашите работни обврски, секогаш постои начин како успешно да го имплементирате во вашиот бизнис стајлинг. И тоа може да изгледа супер шик и соодветно на деловениот имиџ.

Едноставно треба да се внимава џинсот да се комбинира со вистинското парче во горниот дел и вистинските чевли.

Блејзерот е секогаш добра солуција. Изборот е богат, така што може да се одлучите за онаа варијанта која е најблиска до вашиот личен стил: интересен дезен, животински принт, монохроматски...

Сакото во комбинација со кошула или тенка блуза е секогаш сигурна варијанта, а сезонава особено се популарни блузите со карнери кои одлично би се вклопиле во деловен стајлинг.

Во однос на чевлите, џинсот може да го споите со мокасинки, високи потпетици, балетанки на врзување, елегантни сандали...

Ви предлагаме неколку интересни решенија во продолжение.

 

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.773 пати