Како да носите здолниште во зима?

30 декември 2014

Иако е зима, не значи дека треба да се откажете од носење на вашите омилени парчиња. Доколку едно од нив е здолништето, тогаш ние ќе ви понудиме неколку начини како да го комбинирате истото, а при тоа да ви биде комфорно и топло, но и да изгледате стилски перфектно.  Без разлика на должината на здолништето, ова парче лесно се комбинира со џемпер, ролка, дебели хулахопки, чизми, чанта, кожена јакна или пак дебел капут. За дополнителен ефект, изберете шал со интересен крој и капа, модни додатоци кои се неопходни за да се заштитите од зимското студенило. Во продолжение, погледнете единаесет различни изгледи, во кои главен акцент е ставено токму на здолништето и инспирирајте се за вашата денешна дневна комбинација.Ако здолништето е макси или пак во миди должина не плашете се да облечете екстра пар хулахопки, тие само ќе ве стоплат дополнително и нема да придонесат за негативен естетски ефект. Не плашете се од слоевитоста во зима!

Објавено:
30 декември 2014
Категорија: 
Тренд