Како да стилизирате џинс за на работа

16 јули 2016

Доколку дрес кодот на работното место ви дозволува во вашите секојдневни аутфити да комбинирате џинс, тогаш ќе ви посочиме како тоа да го направите на најсоодветен начин и при тоа што да избегнувате, а што да преферирате.

Џинсот е практичен, безвременски, прилагоден за различни телесни конституции, а и совршен за комбинирање во различни варијанти.

Еве неколку корисни совети кога го комбинирате во вашиот деловен изглед.

Избегнувајте искинат џинс
Освен ако работите во креативната индустрија која дозволува повеќе експериментирање со деловниот изглед, искинатиот џинс оставете го за журка, кафе со пријатели или опуштени прошетки.

Предност за потемните нијанси
Доколку се двоумите, предноста е секогаш на страната на потемните нијанси џинс што соодветно може да ги комбинирате со бела кошула или блуза во пруги.

Ниту премногу тесни, ниту премногу широки фармерки
Премногу тесен или премногу широк џинс се сосема кул за надвор од канцеларија, но на работното место одлучете се за некоја измеѓу варијанта.

Комбинирајте со обична маичка
Вистински и никогаш погрешен е спојот на џинс со обична маичка. Додадете само марама со интересен принт или впечатлив ѓердан и имате супер комбинација.

Не заборавајте на соодветни чевли
Патиките секако ќе ги оставите за после работа. А за работниот ден, џинсот комбинирајте го со удобни балтенки или сандали на ниска дебела штикла.

Во галеријата во продолжение, погледнете неколку инспиративни комбинации.

Објавено:
16 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.168 пати