Веќе знаеме кои парчиња ќе бидат вистински хит оваа сезона, но сега е вистинско време да ги дознаеме и боите што ќе преовладуваат низ улиците.

И оваа сезона девојките го популаризираат милитари стилот, а со самото тоа маслинесто зелената боја автоматски станува една од омилените.

Покрај јакните и стилските комбинезони во оваа боја, можете да комбинирате и шармантни кошули со оваа боја како основа и впечатливи цветни везени детали.

Секако, тука се и панталоните во оваа нијанса што можете да ги носите со што и да посакате, а сезонава експериментирајте и со чевли во овој тон.

Добитна комбинација оваа пролет е онаа составена од широки маслинесто зелени панталони со џебови и едноставна бела кошулка надополнети со шик патики или потпетици за похрабрите.

Ако сè уште се двоумите за комбинирање на оваа боја, тогаш нема да погрешите ако си набавите милитари јакна која ќе можете да ја комбинирате со безброј различни парчиња.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
26 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.944 пати