Како го комбинираме омиленото сако оваа зима?

11 јануари 2019

Го обожуваме поради неговата функционалност, може да го носиме во секоја прилика, а го имаат речиси сите во својот плакар – сакото е едно од оние универзални стилски парчиња за кое не постои сезона.
И оваа зима го комбинираме во нашите топли, слоевити аутфити.

Предимензионираните кроеви се сеуште актуелни, а ги носиме со ремен со што го потенцираме струкот. Сакото сo дезен, карирани или флорални мотиви, ја разведрува секоја комбинација, а совршено изгледа во спој со романтичен, макси фустан и чизми до глужд.

Секако, неизбежен сегмент се и од деловниот имиџ, па за на работа може да го комбинирате во бројни варијанти – со класичните црни панталони, со макси здолниште или со комбинезони.

Ви предлагаме неколку интересни варијанти.

 

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
738 пати