Како го комбинираме здолништето со леопард принт?

5 септември 2018

Здолништето со леопард принт е веќе хит во уличната мода, а го најавивме и како еден од најпопуларните трендови за претстојната сезона.

Затоа денеска ќе ви посочиме интересни варијанти како да го комбинирате и во вашиот секојдневен стил, но и во свечен изглед.

Со оглед на тоа дека самото здолниште е впечатливо само по себе, остатокот од облеката со која ќе го комбинирате, би требало да биде со посмирен или неутрален, минималистички дизајн.

Црна или бела кошула или маичка е секогаш сигурен избор.

Бели патики се совршен тандем со здолниште со леопард принт, за спортски и шик изглед.

Но, доколку се подготвувате за свечен настан, тогаш здолништето може да го споите со елегантни салонки или отворени садали, женствен топ и суптилен накит.

 

Објавено:
5 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.046 пати