Иако оваа недела ја поминуваме со дожд и облачно време, тоа не значи дека не доаѓаат поведри пролетни денови.

Токму тогаш, од нашиот плакар ќе ги извадиме омилените бели панталони кои ќе бидат едни од најпосакуваните оваа сезона.

Девојките веќе ги комбинираат со разни пролетни блузички и палта, а што се однесува до боите, никогаш нема ограничување.

Белите панталони се дефинитивно непресушен извор на инспирација, па така можете да ги комбинирате одново и одново.

Ако сакате едноставни комбинации, комбинирајте ги со кошулка или палто за на работа со рамни чевли или патики, додека за некои посвечени комбинации, носете ги со шик блузичка и високи потпетици.

Секако, не заборавајте ниту на црно – белите комбинации што се секогаш проверен избор, па така секогаш кога се мислите што да облечете, белите панталони и црната свилена кошула се избор број еден!

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
14 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.837 пати