Како летните парчиња да ги носите во зима

23 декември 2013

ljetne haljine zimi 01

Речиси секоја жена некогаш посакала да облече некое летно парче и во зима. И тоа е можно, секако не со сите парчиња, но со некое летно фустанче можете да направите одлична зимска комбинација.

Хеланки и хулахопки

Наједноставниот начин да носите летен фустан, а да не ви студи на нозете е да облечете хеланки или дебели хулахопки. Така фустаните во неутрални бои можете да ги комбинирате со хулахопки во боја или со принт и обратно - ако фустанот е во ведри бои или интересен дезен, одлучете се за еднобојни хулахопки или хеланки во црна, крем или тегет боја.

Било кој принт е дозволен освен ако е изразен летен. Кога е многу студено, на хулахопките можете да навлечете греачи до колена или над колена и високи чизми. Токму тие ќе го трансформираат целиот изглед во зимски.

ljetne haljine zimi 09

Џемпер

Џемпер од крупна плетка е убав контраст на цветен фустан од лесен материјал. Поиграјте си со комбинирање на различни бои и слоеви, кои ќе ги поврзете со убав ремен. Но, внимавајте да не го стегнете џемперот пресилно, затоа што тоа ќе ви ја пресече фигурата и нема да биде убаво. Целта е, комбинацијата да изгледа лежерно.

ljetne haljine zimi 06

Додатоци

Летните фустани можете да ги трансформирате на многу начини, и тоа со парчиња што веќе ги имате. Потребно е само малку креативност. Можете да се одлучите за едноставна комбинација, на пример бел фустан со црни хулахопки, црн џемпер и црна кожена јакна. Или пак за комбинирање бои и принтови. Кога на сето тоа ќе додадете капа и шал, вашата омилена летна комбинација може да стане неизоставен дел од зимската гардероба.

ljetne haljine zimi 02ljetne haljine zimi 03 ljetne haljine zimi 07ljetne haljine zimi 08ljetne haljine zimi 09ljetne haljine zimi 10ljetne haljine zimi 11ljetne haljine zimi 12ljetne haljine zimi 13ljetne haljine zimi 14a

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Тренд