Како носиме тантела оваа есен

6 октомври 2017

Ако некогаш постоела строга дистинкција како и каде да се имплементираат одредени типови на материјали, во современиот моден свет не важат таквите ригидни правила.

Слободниот дух на дизајнерскиот израз како и потенцирањето на значењето на индивидуалноста во атмосфера на копии и едноличност, дозволува да се експериментира во секој сегмент на стилот.
Тантела носиме во секоја варијанта. Не ја чуваме таму некаде длабоко во плакарот, само за одредени „свечени" прилики, туку знаеме дека може да ја комбинираме во кежуал варијанта за неделна попладневна прошетка.

Есенва тантелата ќе ја комбинираме со меки, плетени и топли материјали.

Врз тантелната блуза го носиме омилениот кардиган, а здолништето порабено со тантела го комбинираме со предимензиониран џемпер или ролка.

Фустаните од тантела се совршен избор за вечерни излегувања, а ги носиме заедно со макси капут или мантил на врзување.

Едноставните маички на тенки прерамки со совршен детаљ во комбинација со блузи со широк V израз или со такви што паѓаат на едно рамо.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
6 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.367 пати