Иако до пред некое време девојките не помислуваа да облечат бели фармерки и вистински хит беше светлиот џинс, од минатата сезона овој модел полека, но сигурно се искачува на врвот.

Познатите дами ја започнаа топлата сезона токму со овој тренд и белите фармерки за кратко време станаа едно од најпосакуваните парчиња во плакарот на секоја девојка.

Блогерките ги комбинираат со лежерни и шармантни кошулки, со топли ролки во ова време од годината, со спортски блузони и различни шик јакни и долги палта.

Дизајнерите и high street продавниците сезонава нудат огромен избор, па така можете да одберете од такви со широки ногавици, целосно тесни, со висок струк или сечени во долниот дел.

Токму сега е вистинскиот момент за ова парче да доминира во вашите секојдневни комбинации, бидејќи девојките се вљубени во еднобојните, односно неутралните нијанси.

Одберете го моделот што вам најмногу ви одговара и бидете доволно храби да ги комбинирате со вашата омилена кошулка, патики или кожени чизми со висока потпетица.

Инфо и фото: Buro 24/7.hr

Објавено:
13 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.730 пати