Како се комбинира пелерина во актуелната улична мода?

15 ноември 2017

Слоевитоста во комбинирањето на облеката, е најкарактеристична за есенската и зимската сезона.

Уличната мода секогаш е инспиративна по тоа прашање, а она што сега е тенденција, се слоевитите комбинации што вклучуваат и пелерина.

Ова парче е одлична солуција затоа што може да ја комбинирате речиси со сѐ од вашиот плакар, вклучително и со јакна или зимски капут.

Жените со изострено стилско чувство, секогаш ќе се издвојат од мнозинството, а таквите лесно ќе ги забележите и во светот на уличната мода, каде оваа сезона тие пелерините ги комбинираат во урбани, спортски комбинации со џинс и патики или пак во елегантен изглед, со минималистичка естетика, облека во чисти линии и во комбинација на две или три бои.

Издвоивме неколку од нив во галеријата во ппродолжение.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
15 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.556 пати