Капут на врзување за елегантен изглед во зима

12 јануари 2019

Со оглед на тоа дека сезоната на попусти е во тек, можеби имате во план да инвестирате во квалитетен зимски капут.

Ако е така, имаме предлог идеја да вложите во безвременски, елегантен капут, што ќе може да го носите секоја зима, независно од тоа кои се актуелните тенденции.

Се работи за макси или миди капут на врзување, кај кој е потенцирана половината.

Овој модел може да се вклопи во сечиј имиџ, па неговата универзална естетика е погодна за комбинирање со остатокот од парчињата од вашиот гардеробер.

Оваа зима актуелни се земјените тонови, секако неизбежните црна и бела, но исто така и милитари нијансите.

Во галеријата во продолжение пронајдете го вашиот омилен модел.

Објавено:
12 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.360 пати